Два грчки острови воведуваат данок за туристи од 1 јули: Ќе изнесува 20 евра по патник

Грчките острови, особено оние во Егејското Море, се чини дека ги достигнаа своите граници кога станува збор за туристи.

Грчките острови Санторини и Миконос ќе наплаќаат туристичка такса од 20 евра по патник од 1 јули.

Ќе важи во екот на сезоната, а е воведена со цел да се ублажат последиците од масовниот туризам.

Пристигнувањата на туристи со авиони во Грција ќе се зголемат за околу седум проценти оваа година, но тие бројки главно ќе се однесуваат на Атина и Солун.

Грчките острови, особено оние во Егејското Море, се чини дека ги достигнаа своите граници. Тоа повторно ја активира дебатата за тоа дали да се воведат ограничувања за изградба на нови сместувачки капацитети во најпопуларните дестинации како што се Санторини, Миконос и Парос.

По постојаниот раст во текот на изминатите три години на грчките острови, се очекува бројот на туристи да остане на исто ниво во 2025 година. Туристичкиот сектор препознава дека за да се зголеми бројот на туристи, прво е потребно да се обезбеди соодветна инфраструктура.

Водоснабдувањето, канализацијата, сообраќајот, што е голем проблем на островот, состојбата на патиштата и метежот на паркинзите што не постојат – некои од овие проблеми имаат лесни решенија, кои веќе се дискутираат со локалните власти. За други, пак, е потребно време, објавува Euronews Serbia.

Грчките хотелиери тврдат дека терминот „прекумерен туризам“ се користи во Грција за да се прикријат хроничните слабости на државата, која не успеа да ја обезбеди потребната инфраструктура за островите.

„Санторини и Миконос немаат никакви инвестиции во инфраструктурата. Не можеме да зборуваме за стратешко планирање и бисери на грчкиот туризам без тоа. Новото пристаниште е основна инфраструктура и немаме место за ново пристаниште. Треба да размислиме за тоа“, рече Андонис Пагони, претседател на Здружението на хотелиери на Санторини.

На 6-тиот регионален конгрес на Панхеленското здружение на хотелиери, претставници на секторот побараа 500 милиони евра годишно, што државата ги собира преку надоместокот за отпорност што го плаќаат посетителите на хотелите, да бидат насочени кон проекти што ќе овозможат квалитетен и одржлив туризам во дестинациите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни