Дванаесет часа техно на Таксират: Македонските диџеи со легендарниот Свен Ват на главна бина

Со оваа програма, Таксират воведува нов формат кој ја поврзува дневната и ноќната фестивалска атмосфера, овозможувајќи континуирано доживување од 12 часа


Таксират Фестивал го најавува вториот ден од главната програма на овогодинешното издание, како најмоќната техно епизода досега која ќе донесе нешто сосема ново во фестивалското искуство – прва 12-часовна техно журка што ќе започне во 13:00 часот и ќе трае до 01:00 по полноќ.

На 7 декември во Арена „Борис Трајковски”, ќе настапи еден од хедлајнерите на годинашниот Таксират,  SVEN VӒTH – живата легенда што ги постави техно темелите на глобалната сцена, музички пионер, визионер и култен уметник кој сѐ уште го диктира пулсот на водечките светски подиуми.

Во истиот ден кога на главната бина ќе настапи легендарниот Sven Väth, македонската техно сцена ќе биде претставена со внимателно одбрана листа на домашни изведувачи кои ќе се погрижат за непрекинат бран на беспрекорен електронски звук: Mongo b2b Omaru, Wish.ko, Maci, Christian HSS, Petko.ov, Avramoski, Dodevski, Lesya b2b Diah и Pass-N-G-R.

Со оваа програма, Таксират воведува нов формат кој ја поврзува дневната и ноќната фестивалска атмосфера, овозможувајќи континуирано доживување од 12 часа. Новиот концепт претставува чекор напред во развојот на домашната електронска сцена и создавањето простор каде што локалните диџеи настапуваат рамо до рамо со највлијателните артисти во светската историја на електронската музика и клабинг културата.

За организацискиот тим на ТАКСИРАТ оваа програма е воедно и начин да ја прославиме локалната електронска сцена и да ѝ дадеме заслужено место на главната фестивалска бина. Таксират отсекогаш бил простор за поврзување и откривање нови концепти, а оваа година Фестивалот тоа го прави токму со вториот ден од главната програма кој е посветен исклучиво на електронската музика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни