Американски воен брод и брод за снабдување на морнарицата се судрија денес за време на операција за полнење гориво во водите крај Јужна Америка, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на портпарол на војската.
Според истиот извештај, двајца членови на екипажот претрпеле полесни повреди додека бродот се полнел со гориво од друг брод.
Ројтерс соопшти дека не може независно да ја потврди информацијата.
Повеќе информации во текот на денот се очекуваат од американското министерство за одбрана.
