Двајца загинати и десетици повредени во страшното невреме во Франција

Во регионот на Париз биле пријавени бројни оштетени возила и паднати дрвја, а властите ги повикаа граѓаните на претпазливост

По екстремно високите температури, Франција ја зафати силно невреме во кое две лица загинале а17 се повредени, соопштија од француската служба за цивилна заштита.

Според изјавата на Александар Жуасар, заменик на оперативниот центар, една личност е тешко повредена, а останатите поминале со полесни повреди, најчесто предизвикани од паѓање дрвја или локални поплави, пренесе телевизијата BFM.

Во департманот Тарн-ет-Гарон во јужна Франција, 12-годишно момче почина кога падна дрво додека тој и неговото семејство се обидуваа да стигнат до безбедно место, објави вчера BFMTV, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Во село во северозападна Франција, возач на квадбајк починал откако се судрил со дрво што паднало преку патот, објави телевизијата.

Во регионот на Париз биле пријавени бројни оштетени возила и паднати дрвја, а властите ги повикаа граѓаните на претпазливост, бидејќи постои ризик од нови непогоди.

Штетите се значителни. Во местото Валај, во департманот Ер, се срушила камбанаријата на локалната црква, а кровот бил целосно уништен. Во текот на ноќта, околу 2.000 пожарникари интервенирале на повеќе од 1.000 локации во погодените региони, соопшти портпаролот на Националната федерација на пожарникари на Франција, Ерик Брокарди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни