Search

Двајца мажи прогласени за виновни за убиство на ѕвездата на групата Run-DMC

Диџејот на групата Run-DMC-Jam Master Jay беше смртно застрелан во неговото студио во Њујорк во 2002 година. Повеќе од две децении подоцна, Карл Џордан Јуниор и Роналд Вашингтон беа осудени за неговото убиство.

Неговиот кум Карл Џордан Јуниор и пријателот од детството Роналд Вашингтон беа осудени за убиство на диџејот поради,како што изјавија обвинителите, одмазда затоа што биле исклучени од зделка за кокаин.

Диџејот чие вистинско име е Џејсон Мизел, беше смртно застрелан во неговото студио за време на снимање во Њујорк во 2002 година.

Ова е едно од најозлогласените убиства во хип хопот, заедно со оние на рап иконите Tupac Shakur и Notorious B.I.G.

Осудените за убиството Вашингтон (59) и Џордан (40) се изјаснија за невини и ниту еден не сведочел.

Обвинителите изјавија дека во 1990-тите, Мизел започнал со дилање кокаин за да може да ја финансира неговата музичка кариера.

Тие истакнаа дека Џордан и Вашингтон заговарале да го убијат музичарот откако тој ги исклучил од зделка со дрога во Балтимор во вредност од речиси 200.000 долари .

Властите јавно го именуваа Вашингтон како осомничен за убиството на Мизел уште во 2007 година.

И покрај прашањата околу неговата вмешаност, тој за магазинот „Плејбој“ во 2003 година изјави дека бил надвор од студиото кога слушнал пукање и видел како Џордан излегува од зградата.

Извор: https://news.sky.com/story/jam-master-jay-killing-two-men-found-guilty-of-murder-of-run-dmc-star-13081594

Најново

Последни колумни