Судот на Малта ги осуди на доживотен затвор Џејми Вела Роберт Агијус поради соучесништво во убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. Тие минатата недела беа прогласени за виновни, а денеска добија максимална казна.
Вела и Агијус се обвинети за набавка на бомбата со која е убиена Каруана Галиција на 16 октомври 2017 година. Таа загина откако беше детониран автомобил-бомба додека возеше кон својот дом.
Каруана Галиција пишуваше за корупцијата во политичките и деловните кругови на Малта и се соочуваше со над 40 тужби за клевета. Нејзиното убиство предизвика протести на Малта.
Во 2022 година Џорџ Деџорџо и неговиот брат Алфред се изјаснија за виновни за убиството на новинарката и се осудени на 40 години затвор. Една година претходно, Винсент Мускат се изјасни за виновен за неговата улога во убиството на Каруана Галиција и беше осуден на 15 години затвор.
Малтешкиот бизнисмен Јорген Фенех, кој е ослободен со кауција, чека судење под обвинение за наводно соучество во убиството на Каруана Галиција.