Лекарите Златко Станковски од Прилеп и Владимир Митевски од Радовиш како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург дале придонес во спасувањетео и лекувањето на повредените.
Во синоќешниот напад во Магдебург, човек со црн автомобил влета во граѓаните кои уживаа на Божиќниот пазар, при што пет лица го загубија животот, а над 200 беа повредени.
Најмладата жртва, според германските власти, има девет години, а останатите четири се возрасни лица.