Душа да ти се стопли: Мачката обожава кученца, се однесува како да се нејзини деца

Chantel McLeod, сопственичка на одгледувачница на јоркширски териери, во интервју за Newsweek откри дека нејзиниот мачор Алекс обожава бебиња и се чувствува најсреќно кога е опкружен со кученца.

Меклаод сподели вирално видео на нејзиниот профил на TikTok на кое се гледа како Алекс лежи со кученцата од последното легло.

„Вујко Алекс, мачорот дадилка повторно е фатена како киднапира кученца“, напиша МекЛеод во објавата.

Прекрасното видео ги воодушеви корисниците на TikTok, а многу од нив ја замолија сопственичката да објави повеќе видеа со Alexa.

„На Алекс му треба свој ТикТок“, „Ни требаат уште 100 видеа како ова“, „Овие се неговите деца, сличноста е неверојатна“, се некои од коментарите од корисниците .

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни