Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го сруши светскиот рекорд во скок со стап.
На домашен терен, во натпревар од Дијамантската лига, во Стокхолм, атлетичарот скокна 6 метри и 28 сантиметри.
И не само тоа – ја надмина сопствената граница, уште еднаш. Она што Јусеин Болт го правеше на патеката, тоа Мондо го прави во воздухот. Неверојатна леснотија, техника и ментална сила – сè во едно.
Моментот беше уште посебен бидејќи пред скокот му пријде самиот Болт – легендата на светската атлетика. Следеше краток разговор, прегратка и спортски поздрав
За Дуплантис, кој е двократен олимписки шампион, овој светски рекорд беше 12ти во неговата кариера.
Тој го постави претходниот светски рекорд (6,27 м) во март на натпреварот во Клермон (Франција).