Дуото Орбитал со нов ремикс на легендарната трака Café del Mar на Energy 52

Легендарното дуо Орбитал од Велика Британија го преработи класичниот хит на Energy 52, „Cafe Del Mar“. Во новиот, препознатлив ремикс, англиското електронско дуо одлично ја транформира познатата трака „Cafe Del Mar“. Оригиналната транс нумера беше објавена во 1993 година од германските диџеи Kid Paul и Cosmic Baby и стана симбол на еуфоричната, сончева атмосфера на танцовата култура на Ибица. Браќата Фил и Пол Хартнол остануваат верни на оваа култура во нивната најнова верзија, додавајќи препознатливи елементи на познатата и возбудлива мелодија.

Неверојатниот ремикс на Орбитал е ода на златната доба на рејвот, со блескавите синти и носталгичните аранжмани на тапани. Тие додаваат свои уникатни пресврти, но исто така ги задржуваат иконските моменти што ја направија песната популарна во сетовите на диџеите ширум светот.

Ако сè уште не сте го слушнале, еве  го новиот ремикс на Orbital на класичниот хит на Energy 52, „Cafe Del Mar“, подолу!

Извор: https://weraveyou.com/2024/05/energy-52-cafe-del-mar-orbital/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни