Дуке Бојаџиев најавува незаборавна вечер

Концертот со музичкиот проект „Кинематика“, со неговата филмска музика ќе се одржи на 7-ми февруари во Филхармонија

„Оваа вечер е посветена на мојата дваесетгодишна кариера како композитор на филмска музика и ќе се изведат некои од најзначајните композиции што ги создадов низ годиниве. ‘Кинематика’ е емотивно патување низ најзначајните моменти од моето филмско творештво. Оваа вечер ќе ја славиме убавината на филмската музика која допира длабоко во срцето и ја поврзува публиката преку емоции и инспирација“, вели Бојаџиев, кој долги години живееше во САД, а сега е во Португалија.

Бојаџиев, кој е син на познатиот композитор Тодор Бојаџиев, додава дека ќе настапи со поддршка од извонреден тим музичари и со свежи аранжмани.

Со него ќе настапат сопранот Злата Тошевска-Димовска, Климент Тодороски на прва виолина, Милена Тодороска-Мурговски на втора виолина, Марија Димитриевиќ на виола, Енис Аљи на виолончело, Мартин Ѓаконовски-Шпато на контрабас и Павел Ренџов на тапани.

Билетите за концертот веќе се пуштени во продажба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни