Незадоволни што Дубаи ја има највисоката зграда, најдлабокиот базен или најлуксузниот хотел, фирмата за урбан дизајн УРБ се надева дека ќе додаде уште еден суперлатив на градот – најзелениот автопат.
Фирмата објави концепт за 64 километри автопат што ќе го претвори главниот сообраќаен појас во градот во „зелен ‘рбет“, со автономни, трамваи на соларна енергија и паметни сообраќаен систем.
Бахарасш Багериан, урбан инженер и основач на УРБ верува дека овој проект ќе го направи градот центриран околу луѓето, а не автомобилите.
„Дубаи брзо се шири, а популацијата се очекува да се дуплира на 8 милиони до 2040 година“ вели тој и додава дека ваквиот раст бара креативност и иновација за да се совладаат новите предизвиците. Според него, мобилноста треба да се гледа како повеќе од само движење на луѓето.
Автономниот трамвај со соларна енергија е само еден аспект од транспортниот систем на предложениот автопат: над трамвајската линија, мрежа од зелени површини, паркови и надвозници би ја зголемиле поврзаноста и проодноста на градот, низ кој во моментов е тешко да се движите пеш.
Автопатот, исто така, ќе интегрира паметна технологија, како што се сензорите за управување со сообраќајот и оптимизирање на употребата на енергија.
Дизајните исто така предвидуваат и соларни панели од 300 мегавати и систем за складирање да бидат вградени во шините, кои ќе ја напојуваат трамвајската линија, како и ќе генерираат чиста енергија за околу 130.000 домови.
Планот исто така предвидува и зелени површини – вклучувајќи паркови и општински градини – ќе обезбедат простор за еден милион дрвја, што исто така ќе помогнат да се разлади градот и да се подобри квалитетот на воздухот.
Обединетите Арапски Емирати се едни од најголемите потрошувачи на вода по глава на жител, консумирајќи околу 550 литри по човек, дневно, споредено со 310 литри во САД, 150 литри во Хонг Конг или 144 литри во Европската Унија.
Најголем дел од тоа не е вода за пиење, туку за градинарство и наводнување, а зелените површини во оваа пустинска држава трошат многу вода. На пример, Волшебната градина на Дубаи, парк од 72 илјади квадратни метри има 150 милиони цветови кои трошат по околу 757 илјади литри вода секој ден.
„Дубаи има многу предизвици – забрзан раст, различна популација и екстремни временски услови“ вели Багериан.
За да се справи со ова, концептот предвидува дизајн сензитивен на вода, што вклучува и растенија отпорни на суша, како и почва помешана со зеолит, кристал кој помага за задржување на водата.
Извор: Си-Ен-Ен