Дубаи го отвори првиот ресторан управуван од вештачка интелигенција

„Ајман“ е дизајниран да развива рецепти што повторно ги користат состојките што рестораните инаку би ги фрлиле – како остатоци од месо или маснотии

WOOHOO, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи , на чекор од највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа, објави Индекс .

Храната во WOOHOO засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго – од менито до амбиентот и услугата – ќе биде дизајнирано од кулинарски модел базиран на вештачка интелигенција наречен „Шеф Ајман“.

Ајман, комбинација од зборовите „AI“ (вештачка интелигенција) и „man“ (човек), бил обучен врз основа на децениски истражувања за нутриционистичката наука, податоци за молекуларен состав и повеќе од илјада рецепти од различни кулинарски традиции низ целиот свет, изјави Ахмет Ојтун Чакир, еден од основачите на ресторанот WOOHOO.

Иако Ајман не може да почувствува вкус, мирис или интеракција со јадењата како што може вистински готвач, тој функционира така што ги разложува јадењата на нивните основни елементи, како што се текстура, киселост и слично, а потоа ги составува во необични комбинации на вкусови и состојки, велат неговите развивачи.

Потоа, тие прототипови ги усовршуваат човечки готвачи кои ги дегустираат комбинациите и даваат повратни информации, во процес предводен од познатиот дубаиски готвач Рафе Отман.

„Нивните одговори на моите предлози ми помагаат да го унапредам моето разбирање за тоа што функционира надвор од самите податоци“, објасни Ајман во интервју за Interactive AI Model.

Целта, велат тие, не е да се заменат луѓето

Според креаторите на „Ајман“, целта не е да се замени човечкиот фактор во кујната, туку да се подобри. „Готвењето на луѓето нема да биде заменето, но веруваме дека (Ајман) ќе ги подобри идеите и креативноста“, рече Ојтун Чакир, кој е и извршен директор на компанијата за кетеринг „Гастронаут“.

„Ајман“ е дизајниран да развива рецепти што повторно ги користат состојките што рестораните инаку би ги фрлиле – како остатоци од месо или маснотии, додаде тој.

На долг рок, основачите на WOOHOO веруваат дека Ајман би можел да биде лиценциран за употреба во ресторани низ целиот свет, со што ќе се намали кујнскиот отпад и ќе се подобри одржливоста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни