Дуалното образование расте: речиси 1.000 компании и 875 паралелки

Расте бројот на компании и ученици во дуалното образование. Во 2025/2026 година активни се речиси 1.000 компании и 875 стручни паралелки низ државата.
Little kids schoolchildren pupils students running hurrying to the school building for classes lessons from to the school bus. Welcome back to school. The new academic semester year start

Во учебната 2025/2026 година речиси 1.000 компании се вклучени во системот на дуално образование, додека бројот на стручни паралелки достигна 875 во 65 средни стручни училишта. Податоците покажуваат постепено проширување на овој модел на образование во последните неколку години.

Според достапните информации, во учебната 2019/2020 година во дуалното образование биле вклучени 11 компании, а бројот постепено растел – 211 компании во 2021/2022 година, 500 во 2022/2023, 560 во 2023/2024 и 600 во 2024/2025 година. Во истиот период се зголемувал и бројот на ученици запишани во стручно образование – од 64 проценти во 2019/2020 година на 71,8 проценти во учебната 2025/2026 година.

Од почетокот на воведувањето на ваквиот модел досега се сертифицирани околу 1.500 ментори во компании, кои учествуваат во практичната обука на учениците. Паралелно со тоа, обезбедени се и 7,6 милиони евра за опремување на 12 стручни училишта и пет факултети, во проекти што вклучуваат конзорциуми со 86 компании и организации, преку финансиска поддршка од Германската развојна банка.

Иако бројките покажуваат раст на интересот за стручно образование и проширување на дуалниот модел, останува прашањето како овој систем ќе се развива понатаму и какви резултати ќе даде во однос на пазарот на труд и потребите на учениците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни