Дуа Липа и Пеги Гу главни ѕвезди на Sunny Hill Festival 2025!

Sunny Hill Festival 2025 ветува спектакуларно лето со објавата дека две светски музички икони ќе бидат главни изведувачи на годинешното издание – глобалната поп ѕвезда Дуа Липа и кралицата на електронската сцена Пеги Гу!

По освојувањето на светските топ-листи и настапи на најголемите музички фестивали низ планетата, Дуа Липа повторно се враќа дома – и како што велат организаторите, „тоа има посебно значење“. Од самиот почеток, таа беше клучен дел од духот на Sunny Hill, а ова лето повторно ќе ја осветли сцената со истата љубов и енергија која го започна сето ова.

Покрај неа, на сцената ќе се искачи и интернационалната диџеј сензација Пеги Гу, која од андерграунд клубови се искачи до водечка фигура на глобалната денс музичка сцена. Со својот уникатен спој на хаус и техно, таа ќе настапи на C4 Stage и ќе донесе незаборавно електронско доживување.

Организаторите најавуваат дека ова е само почеток – комплетната листа на изведувачи ќе биде објавена наскоро, а билетите се веќе достапни преку линкот во нивниот Instagram BIO.

Sunny Hill 2025 е на добар пат да стане еден од најголемите музички настани во регионот – со музика, емоции и ѕвезди од светска класа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни