Дуa Липа и Fatboy Slim го отворија Sunny Hill Festival со спектакуларен старт

Со еуфорична публика и светско музичко шоу, Дуа Липа и легендарниот диџеј Фет Бој Слим ја отворија првата вечер на Sunny Hill Festival, кој и годинава повторно го претвора Приштина во регионален музички центар.

Најголемата музичка сцена во Косово, Sunny Hill Festival, официјално започна на 1 август 2025 година во Приштина. Првата вечер беше подеднакво емоционална и визуелно извонредна благодарение на глобалната ѕвезда Dua Lipa, која настапи како главен артист, следено од енергичниот сет на Fatboy Slim наоѓајќи се веднаш по неа на C4 сцената.

По 21 часот, публиката веќе беше загреана од настапите на диџеи од локалната и европската сцена, но вистинската експлозија на емоции се случи кога на сцената се појави Дуа Липа. Непосредно пред настапот на Сани Хил фестивал таа доби и косовско државјанство од претседателката на Косово Вјоса Османи.

На сцената, Duo излезе во три спектакуларни креации, ги изведе најновите синглови од албумот Radical Optimism и ги вклучи големите хитови „New Rules“, „Be the One“, „Houdini“. Сценографијата, светлата и kореографијата беа беспрекорни и создадоа невидена синергија со публиката

По изведбата на „Be the One“, публиката не ја пушти, Дуa повторно се врати на сцената и ја заокружи ноќта со „Houdini“ и спектакуларен огномет. Таа го повика на сцена својот татко, Dukagjin Lipa, со кој заедно ја изведоа нумерата “Era” на албански легендарен бенд Gjurmët. Тоа беше еден од најдлабоки, емотивни моменти на фестивалот.

По неа, сцената ја презеде Фет Бој Слим, маестро на електронската музика и диџеј со над три децении искуство. Со класични хитови како „Praise You“, „Right Here, Right Now“ и „Weapon of Choice“, тој го донесе клубскиот дух на 90-тите години директно во срцето на Приштина.

Фестивалот, кој трае до недела, продолжува со настапи на светски и балкански имиња како Shawn Mendes, Anyma, Peggy  Gou и други. Sunny Hill веќе е препознат како културен и туристички бренд, кој секоја година привлекува илјадници посетители од регионот и Европа.

Покрај музиката, фестивалот нуди и изложби, уметнички инсталации, храна од уличната гастрономија и специјални зони за одмор. Безбедноста и организацијата се на високо ниво, а тимот на Sunny Hill најави дека ова ќе биде најголемото и најуспешно издание досега.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни