Оваа недела во новата епизода на РеТрн ни гостуваат Евгенија Кочоска и најзиниот тренер Ања Јолакоска.
11-годишната девојка Евгенија што не само е државен првак во хип-хоп за 2024, туку и го освои 8-то место во светот помеѓу 215 натпреварувачи!
Навидум тивка и мирна, но кога ќе почне да танцува – сцената ѝ припаѓа само нејзе!
Со неа зборуваме за тоа кое ѝ е омиленото место во Скопје, а кое во светот, кој ѝ е омилениот професор и кој е најзаслужен што денес е државен првак.
Евгенија ни открива што е потешко: да си државен првак во танцување или да одиш во школо секој ден?
Епизода исполнета со многу танц, музика и заразна енергија, а Евгенија ни покажува зошто младите таленти ја заслужуваат целата наша поддршка. Не пропуштајте!