Државата распиша тендер за 150 електрични автобуси: 100 за Скопје, 50 за општините

Министерството за транспорт распиша јавен повик за 150 електрични автобуси и 75 полнилници. 100 автобуси се наменети за Скопје, а рокот за понуди е 30 март 2026.

Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници, како дел од планот за модернизација на јавниот превоз.

Според предвидената распределба, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, додека останатите 50 ќе бидат распределени во други општини низ државата.

Во јавниот повик се утврдени конкретни рокови за испорака:

  • 30 автобуси во рок од 6 месеци
  • 60 автобуси во рок од 12 месеци
  • 60 автобуси во рок од 18 месеци

Тендерската документација е објавена на електронскиот систем за јавни набавки, а рокот за доставување на понуди е до 30 март 2026 година.

Од ресорното министерство посочуваат дека набавката има за цел намалување на аерозагадувањето, зголемување на ефикасноста на јавниот превоз и подобрување на условите за патниците. Дополнително, се очекуваат и долгорочни економски придобивки преку намалени трошоци за одржување и потрошувачка на енергија.

Проектот е дел од пошироката стратегија за трансформација на транспортниот систем и модернизација на јавните услуги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни