Два танкера за транспорт на нафта во грчка сопственост беа погодени денес во Црното Море од напад со неидентификувани дронови, а најмалку еден од нив требаше да вчита казахстанска нафта на руска територија, соопштија официјални лица.
Станува збор за танкерите „Матилда“, под знаме на Малта, и „Делта Хармони“, под либеријанско знаме, кои не претрпеле поголема штета, изјави официјално лице од грчкото министерство за поморство, пренесува Euraktiv.
Грчките и казахстанските власти не објавиле кој стои зад нападот.
