Дронови над нуклеарната централа Доел во Белгија

Три дрона се забележани над нуклеарната електрана Доел во Белгија. Компанијата Engie потврди дека нема последици по работата на централата, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

По серија инциденти на белгиските аеродроми, три дрона биле забележани синоќа над нуклеарната електрана Доел, јавува белгискиот RTL.

Компанијата Engie потврдила околу 22 часот дека беспилотните летала биле забележани над постројката.

Портпаролката на компанијата, Хелен Смеетс, изјави дека инцидентот не влијаел на работата на централата и дека надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата.

Од локалната полициска зона Scheldewaas засега не дадоа дополнителни коментари.

Серија инциденти низ Белгија

Истата вечер воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж бил привремено прекинат поради дојава за дронови. Летовите биле стопирани околу 19:30, а нормализирани еден час подоцна, околу 20:25.

Во текот на изминатата недела, дојави за дронови над аеродромот во Лиеж биле речиси секојдневни, а слични инциденти биле забележани и на аеродромот во Брисел во вторникот и четвртокот.

Последниве денови и недели, дронови редовно се пријавуваат и над неколку воени бази низ Белгија, што предизвикува зголемена загриженост кај властите и јавноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни