Руската противвоздушна одбрана уништила беспилотни летала што се приближувале кон Москва, соопшти градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собијанин.
„ПВО-силите на Министерството за одбрана уништија дрон кој летал кон Москва. Службите за итни ситуации се на лице место“, напиша Собијанин на Телеграм, пренесува РБК Русија.
Кратко потоа, тој информираше дека е соборен уште еден дрон кој, како што наведе, ја нападнал Москва.
