Дрон од Русија удри во електрана во Естонија

Естонската служба за внатрешна безбедност соопшти дека дрон влегол од рускиот воздушен простор и удрил во оџак на електраната Аувере, без повредени.

Дрон што влегол од рускиот воздушен простор удрил во оџак на електраната Аувере во североисточна Естонија, соопшти естонската служба за внатрешна безбедност. Во инцидентот нема повредени, а истрагата е во тек.

Инцидентот се случил околу 3:43 часот, а според досегашните информации, нема повредени.

Електраната Аувере се наоѓа во североисточниот дел на Естонија, во близина на руската граница. Естонските власти засега не соопштуваат повеќе детали за потеклото и типот на леталото, но потврдуваат дека истрагата ја водат безбедносните служби и обвинителството.

Овој инцидент доаѓа само неколку дена по друг безбедносен спор меѓу Талин и Москва, кога Естонија соопшти дека руски борбен авион го нарушил нејзиниот воздушен простор. Новиот случај дополнително ја засилува чувствителноста околу безбедноста на источната граница на НАТО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни