Дрон погоди резервоар за гориво во близина на аеродромот во Дубаи и предизвика пожар во текот на ноќта кон понеделник, соопштија властите во Дубаи. Според официјалните информации, нема пријавени повредени, а екипите на цивилната заштита веднаш започнале со гаснење на пожарот.
Инцидентот доаѓа во момент кога безбедносната ситуација во регионот е сериозно влошена по избувнувањето на војната меѓу САД, ИЗраел и Иран на 28 февруари.
Според официјални податоци, земјите од Персискиот Залив се соочиле со повеќе од 2000 напади со ракети и дронови од почетокот на конфликтот. Најчести цели биле американски дипломатски мисии и воени бази, но и клучна нафтена инфраструктура, пристаништа, аеродроми, хотели и станбени објекти.
Особено погодени се Обединетите Арапски емирати кои во 2020 година ги нормализираа односите со Израел. Поради тоа, оваа земја се најде меѓу главните цели на нападите.
Сепак, и другите држави од Персискиот Залив биле погодени од нападите, а сите заеднички го осудија Iran за ескалацијата на конфликтот.
Во меѓувреме, францускиот претседател Макрон изјави дека е „неприфатливо“ Франција да биде цел на напади на Блискиот Исток. Во разговор со иранскиот претседател тој побара итно ослободување на двајца француски државјани кои се притворени во Иран.
„Франција дејствува исклучиво во одбранбена рамка со цел да ги заштити своите интереси, интересите на регионалните партнери и слободата на пловидба“, напиша Макрон на платформата X.