ВИДЕО: Погоден американскиот конзулат во Дубаи – дрон предизвика пожар

Пожар избувна во близина на американскиот конзулат во Дубаи откако објектот бил погоден од дрон за кој се сомнева дека е ирански. Пожарникарите брзо интервенирале, а нема повредени.

Мал пожар избувна во близина на американскиот конзулат во Дубаи откако објектот бил погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, доцна вечерта, јавуваат регионални извори повикувајќи се на информации на CNN.

Пожарникарските служби брзо реагирале и успеале да го изгаснат пожарот што избувнал по нападот со беспилотно летало. Според првичните информации, нема пријавени повредени лица.

Двајца очевидци за агенцијата „Ројтерс“ изјавиле дека од областа околу конзулатот се издигал густ чад, кој бил видлив од поголема оддалеченост.

Инцидентот се случува во момент на силна ескалација на тензиите на Блискиот Исток, по конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, во кој во последните денови се забележани повеќе напади со дронови и ракети во регионот.

Засега нема официјална потврда од Вашингтон за детали околу нападот, ниту информации дали станува збор за директен удар или за остатоци од пресретнат дрон.

Според медиумски извештаи, неколку држави во регионот во меѓувреме разгледуваат нови воени мерки и можни одговори кон Иран, што дополнително ги зголемува стравувањата од проширување на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни