Таблетите се продавале без рецепти во аптеките

Дури и самиот Хилтер изјавувал дека не му требаат слаби луѓе, туку само силни, а слабите луѓе користат дрога за да побегнат од реалноста, додека силните користат метамфетамин за да станат уште посилни.

Третиот Рајх ја претвори Германија во тоталитарна држава под водство на Адолф Хитлер, кој имаше идеи да ја издигне тн. Ариевска раса над останатите. Неговите политики на омаловажување на останатите и обидите за уништување на, според него, пониските раси, доведоа до еден од најстрашните воени судири во светот и Европа во 20 век.

Нацистичката иделогија според која се водел Хитлер била строго против користењето на дрога и користењето на опијати често било гледано како лична слабост и морално пропаѓање. Но, ситуацијата не е црно бело. Иако на алкохолот и хероин било гледано како на работи кои го уриваат духот и вредноста на луѓето, метамфетаминот бил гледан како „магично апче“.

Метамфетаминот, кој во Нацистичка Германија се продавал под името Первитин, бил креиран со цел да се внесе енергија и зголемување на самодовербата, што тотално се вклупило во идеологијата на Третиот Рајх, дека Ариевската раса е физички и ментално супериорна. Како што пишува Норман Олер во неговата книга „Blitzed: Drugs in Nazi Germany“ (Напад: Дрогите во Нацистичка Германија), метамфетаминот не бил гледан исто како останатите дроги, кои биле забранувани, туку тој бил гледан како волшебен производ.

Со силна маркетинг кампања креаторите на Первитин успеале да го популаризираат производот, а таблетите биле продавани во аптеките, без рецепти. Во еден период во Германија се појавиле дури и чоколади кои биле „збогатени“ со метамфетамин.

Метамфетаминот на тој начин станал алатка со која Ариевците, кои во Третиот Рајх биле гледани како совршени луѓе, да станат супер луѓе, а потоа супер луѓето да станат и супер војници, кои својата надмоќ ќе ја демонстрираат против останатите, „пониски“ раси. Дури и самиот Хилтер изјавувал дека не му требаат слаби луѓе, туку само силни, а слабите луѓе користат дрога за да побегнат од реалноста, додека силните користат метамфетамин за да станат уште посилни.

Ваквата популарност на Первитин во германското општество била искористена и како обид за поголема доминација на германските војници во Втората светска војна. Како што пишува Олер, германските војници од април до јули 1940 година добиле над 35 милиони таблети метамфетамин.

Користејќи метамфетамин, германските војници поминувале поголеми дистанци и поголеми периоди без спиење, поради што и ги оствариле привичните успеси во Втората светска војна. Германскиот генерал, Хајнц Гудераин, кој бил експерт за тенкови и лидер на германската инвазија на Франција, барал од германските војници да поминуваат и до три дена без спиење, со цел да се напредува побрзо, пред да можат противничките војници да се регрупираат и одбранат.

Првите негативни ефекти од масовното користење на метамфетамин од страна на германските војници започнало да се забележува на крајот на 1940 година, поради што конзумацијата на оваа дрога значително се намалила до 1942 година.

фотографии: hugo jager/life magazine,  Ordercrazy via Wikimedia Commons,

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни