На улица бил пронајден со смрзнатини, по што бил хоспитализиран во психијатриска болница, пренесува чешкиот портал Иднес.
По неколку месеци закрепнување, лекарите извршија пластична операција под водство на хирургот Адам Бајус.
„Зедовме парче ткиво од подлактицата, го обликувавме во форма на гениталиите и уретрата и под микроскоп ги поврзавме малите крвни садови и нервите“, објасни Бајус.
„Акутната употреба на наркотици ја наруши способноста на пациентот да контролира и да донесува одлуки. Тој не знаеше што прави во тоа време, но сега живее релативно нормален живот”, додаде психијатарот Јакуб Албрехт.
„Лекцијата е јасна, никогаш не знаеш што ќе ти направи дрогата и никогаш не знаеш што точно има во купеното. Не можеме се да забраниме, но важна е превенцијата“, заклучи психијатарот.
Пациентот наводно бил под дејство на марихуана и кратом, објави Прага радио.