Во Европската унија во 2023 година биле произведени 1,49 милијарди литри пенливо вино, што претставува пад од 8% во однос на претходната година, соопшти Европската статистичка служба.
На врвот на производителите се најде Италија со 638 милиони литри, додека Франција и Германија произведоа 312 и 263 милиони литри соодветно. Шпанија, исто така, се наоѓа меѓу водечките производители со 206 милиони литри.
Истовремено со производството, во 2023 година е забележан и пад на извозот на пенливо вино од ЕУ, при што во земјите надвор од блокот биле извезени 600 милиони литри.
Сепак, извозот во 2023 година останува повисок во споредба со 2018, 2019 и 2020 година, кога изнесуваше нешто помалку или нешто над 500 милиони литри.
Речиси половина од извозот во 2023 година (44%) го сочинуваше просекото, 17% беа други видови пенливи вина од свежо грозје, 15% шампањ, а 10% кава, според податоците на Евростат.
Истовремено, земјите од ЕУ увезле само пет милиони литри пенливо вино од земји надвор од Унијата, што претставува помалку од 1% од извозот.