Драмски Театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор

Драмски Театар Скопје, денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс.

Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмскиот театар за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски како млад драмски автор со драмските дела „Јане Задрогаз“ и „Диво месо“ во соработка токму со Драмски постигна успеси за паметење.

За временската рамка во која ќе се одвива конкурсот и пропозициите од истиот, Драмскиот Театар дополнително ќе ја информира јавноста.

Драмски ќе партиципира и ќе земе активно учество и во реализацијата на програмските активности на истата. и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни