Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово

Со претставата „Чудесна терапија“ утре на 11 септември Драмски гостува на 9-то издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. Претставата ќе биде изведена во 20 часот во големата сала на Театарот во Тетово.

„Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев.

Улогите ги играат актерите Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Самарџиоска

Драматургот Александра Бошковска вели дека: „Oваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“. Таа додава: „Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем“.

Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има четитиесетина изведби од кои неколку на театарските фестивали Охридско лето, Рута Бриони, Гола месечина и Рута Сараево каде што поради универзалноста на темата имаше забележителни учестава на задоволство на театарската публика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни