Драмски театар ја подготвува „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов

Драмски театар соопшти дека „Болва в уво“ на нивната сцена првпат е поставена на 24 март 1974 година и дека е „ амблематска претстава за Драмски, што публиката ја памети по една исклучителна генерација на актери, со вкупно 333 изведби“

Во Драмски театар Скопје денеска се одржала прва проба на претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов. Премиерата  е планирана за втората половина на декември. 

Драмски театар соопшти дека „Болва в уво“ на нивната сцена првпат е поставена на 24 март 1974 година и дека е „ амблематска претстава за Драмски, што публиката ја памети по една исклучителна генерација на актери, со вкупно 333 изведби“

Текстот „Болва в уво“ е напишан во 1907 година од францускиот драмски писател Жорж Фејдо (1862-1921) кој, посочува ДТС – напишал 39 драмски текстови, а најголемите успеси ги достигнал во жанрот водвиљ.

„Неговите текстови поради безвременската актуелност, и сто години по неговата смрт, се изведуваат во голем број на театри низ светот“, наведува Драмски во соопштението. 

Од Драмски информираат дека режисерот Синиша Ефтимов ги охрабрил актерите „да не бидат обременети од големите успеси на претставите што ги постигнувале и претходната генерација на врвни актери на Драмски и театарските куќи низ целиот свет, туку да се обидат следејќи ги прецизните насоки на Фејдо да дадат свој креативен инпут во создавањето на ликовите“.

. Улогите во претставата им се доделени на актерите: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ и Ивана Павлаковиќ. Сценограф е Мартин Манев, костимограф – Раде Василев.  

„Болва в уво“  епетта и последна планирана претстава од Годишната програма за работа на Драмски театар-Скопје, поддржана од Министерството за култура и туризам. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни