Драма за бронза: Хрватска го победи Исланд, Магнусон со историски учинок

Хрватската ракометна репрезентација освои бронза на Европското првенство по драматична победа над Исланд (34:33), и покрај историскиот настап на Омар Инги Магнусон.
epa12681157 (L-R) Croatia's Marko Mamic, Zvonimir Srna, and Tin Lucin celebrate with their supporters after winning the 2026 EHF European Men's Handball Championship main round match between Switzerland and Croatia, in Malmo, Sweden, 25 January 2026. EPA/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Хрватската ракометна репрезентација ја освои бронзената медала на Европското првенство по драматична победа над Исланд со 34:33 во натпреварот за третото место.

Избраниците на селекторот Дагур Сигурдсон имаа комотна предност од пет гола на дваесет минути до крајот на мечот, со која влегоа и во последните десет минути. Сепак, упорните Исланѓани не се предадоа и во самиот финиш ја направија завршницата исклучително неизвесна.

На минута и половина до крајот, Исланд ја намали разликата на само два гола. Откако Филип Главаш не реализираше седмерец, Исланѓаните на 65 секунди пред крајот дојдоа на само еден гол заостанување.

Сепак, Главаш се искупи во клучниот момент – погоди за 34:32 на 40 секунди до крајот и практично ја обезбеди победата и бронзениот медал за Хрватска.

Магнусон испиша историја, Лучин ја предводеше Хрватска

Најзаслужен за хрватската победа беше Тин Лучин со девет постигнати гола. Верон Начиновиќ додаде шест, Иван Мартиновиќ пет, додека голманот Матеј Мандиќ имаше осум одбрани.

Во редовите на Исланд, апсолутно најдобар беше Омар Инги Магнусон, кој постигна 12 голови, од кои дури 10 од седмерци. Гисли Кристијансон придонесе со шест погодоци.

Со својот настап, Магнусон испиша историја на европските првенства, израмнувајќи го рекордот на Данецот Ханс Линдберг од 2018 година како играч со најмногу постигнати голови во натпревар за третото место. Сепак, неговиот историски учинок не беше доволен за Исланд да стигне до медал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни