Драма во Шведска: Момче пукало, ранети се шест тинејџери (ФОТО/ВИДЕО)

Во Шведска момче пукало, ранети се шест тинејџери

Во пукотница во шведскиот град Јевле, кој се наоѓа на околу 170 километри северно од Стокхолм, во текот на изминатата ноќ, повредени се шест лица, меѓу кои и еден тинејџер, објавува денес „Експресен“.

Осомничениот за пукотницата е момче под 15 години, кое ќе биде испрашувано во текот на денот, објави локалната полиција.

Пукањето е пријавено во полицијата во 2:10 часот наутро. Сите повредени се префрлени во болница со брза помош, а според првите извештаи, ниту еден од повредените не е во животна опасност.

Според портпаролот на полицијата Тобијас Ален-Свалбро, сите повредени се млади лица, на возраст меѓу 15 и 18 години.

Пукањето се случило во близина на барот „Карина“ (Ölstugan Tullen), каде што жртвите на пукотницата прво се засолниле. Мотивот за пукотницата е нејасен, а полицијата соопшти дека не се сомнева дека е поврзано со тероризам.

Пукањето се случило во близина на барот „Олстуган Тулен“, каде што 28-годишниот Јоаким Викстром нарачувал пијалок во барот.

„Не го слушнав пукањето бидејќи музиката беше гласна. Потоа од вреват сфатив дека нешто се случило. Видов човек кој бил погоден во барот, а имаше уште неколкумина како лежат надвор на тротоарот“, рече тој.

Пукањата во кои и сторителите и жртвите се млади мажи, тинејџери, па дури и деца, станаа почести во Шведска во последните години.

Како по правило, станува збор за конфронтации во рамките на организирани криминални групи кои ангажираат деца да напаѓаат конкурентски банди, поради што е тешко да се откријат нарачателите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни