Драма во Ријад: Ѓоковиќ го загуби маратонскиот сет и се повлече од мечот против Фриц!

Во вистински тениски трилер во „АНБ Арена“ во Ријад, Новак Ѓоковиќ го одигра еден од најдраматичните сетови оваа сезона, но по 76 минути жестока борба – реши да го предаде мечот на Американецот Тејлор Фриц.

Фриц, четвртиот играч на светот, го доби првиот сет со 7:6 (4), иако Ѓоковиќ во еден момент водеше со 5:4 и имаше четири сет-топки. Публиката во Ријад аплаудираше за спектаклот, но изненадувањето стигна кога Новак, видливо исцрпен, се повлече поради физички проблеми.

Ова беше втор последователен пораз за светскиот шампион, кој пред два дена загуби во полуфиналето од Јаник Синер со 2:0.

И покрај предавањето, Ѓоковиќ покажа дека сè уште е во форма и го натера Фриц да се поти за секој поен. Мечот беше исполнет со борба – вкупно 14 нереализирани брејк топки и два маратонски гема кои ја кренаа арената на нозе.

Со овој резултат, Новак го заврши турнирот „Шест кралеви“ на четвртото место, а фановите во Ријад го испратија со стоечки овации.

Извор: Topsport

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни