Во главниот град на Тајланд, Бангкок, повеќе згради беа евакуирани утрово по извештаите дека се почувствувани вибрации и дека се појавиле пукнатини во нив.
Според извештајот на „Бангкок пост“, евакуациите биле наредени околу десет часот по локално време.
Меѓу другото, евакуирани се вработените од зградата на владиниот комплекс на улица Ченг Ватана, како и Министерството за труд во округот Дин Денг и зградите на судовите на улица Ратчадафисек.