Драма на Градскиот Стадион – маскирани лица со оружје и експлозив фатени по обид за грабеж

Вистинска драма се одиграла вчеравечер на Градскиот стадион во Скопје, кога маскирани разбојници се обиделе да го одземат дневниот промет од една продавница за техника непосредно пред затворање.

Според сведоци, напаѓачите биле вооружени, а имале и експлозивни направи. Во обид да ги заплашат вработените, испукале неколку истрели, но среќа во несреќа е што нема повредени лица.

Брза реакција на полицијата

По пријава на инцидентот, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје веднаш делувала. Само неколку минути подоцна, двајца од сторителите биле уапсени во близина на местото на настанот.

„Преземени се сите потребни мерки, сторителите се лишени од слобода и ќе биде поднесена соодветна пријава во содејство со ОЈО,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.

Деталите за овој смел обид за грабеж и полицијата која брзо ја врати безбедноста ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни