Меѓународниот аеродром Скопје вечерва се соочи со сериозни прекини поради опасен метеоролошки феномен познат како „wind shear“ – нагла промена на брзината и насоката на ветерот, кој може да предизвика нагло губење на висина при финалниот приод на авионите.
Според првичните информации летот од Истанбул и летот од Венеција не успеале да слетаат безбедно на скопската писта. Поради ризикот, двата авиона биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.
Драматична ситуација со летот од Венеција
Летот од Венеција кружел повеќе од еден час над Скопје, обидувајќи се да најде безбеден прозорец за слетување. Но постојаното присуство на „wind shear“ ги натера пилотите да ја донесат тешката, но правилна одлука за пренасочување.
Состојбата во авио-сообраќајот
Авиосообраќајот ќе остане нарушен и во следните часови. Патниците се повикуваат редовно да ги проверуваат известувањата од своите авиокомпании за промени во распоредот.
„Wind shear“ е еден од најопасните метеоролошки феномени за пилотите, особено при финалниот приод. Аеродромските служби внимателно ја следат ситуацијата и ги преземаат сите мерки за безбедност на патниците и екипажите.
