Др. Дре сака да настапува на ЛОИ во Лос Анџелес како спортист

Фото: Jason Persse, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Продуцентот и рапер Др. Дре во неделата настапуваше на церемонијата за затворање на Олимписките игри во Париз заедно со Снуп Дог, но неодамна откри дека сака да учествува на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Во разговор за ET тој рече дека е сериозен во желбата да се натпреварува во стрелање.

Тој објасни дека во средно бил член на училишниот тим во стрелање и дека со тој спрот се занимавал со години. Иако накратко загубил интерес, повторно започнал да се занимава со стрелање откако синот му подарил сет за стрелање.

„Го поставив во својот двор, а чув дека за квалификации на Олимпијадата треба да стрелан од 23 метри. Јас вежбам на 27“ вели раперот и додава дека верува оти може да постигне многу.

Др. Дре исто така говореше и за настапот со Снуп Дог на затворањето на Олимписките игри во париз.

„Волшебно е. Дури и не се чувството удобно да настапувам без Снуп“ вели тој и истакнува дека има интересна синергија со Снуп Дог.

„Јас и Снуп повторно соработуваме, по 30 години, верувале или не“ откри Дре.

Тој исто така во интервју изјави дека не е импресиониран од брејкденсингот на Олимписките игри, бидејќи има многу добро брејкденсери кои не учествуваа во Париз.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни