Доживотен затвор за обвинетите за убиствата на Вања и Панче

Судот воедно им ја продолжи мерката притвор на сите четворица обвинети.

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, добија казна од доживотен затвор за грабнување и убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Судијата кажа дека по насока на Палевски, Видевски и Манев ја грабнале Вања, со намера да изнудат пари од член од семејеството. Кога детето излегло од лифтот, ја фатиле за устата, ја совладале и и се заканувале да не вика. Ја товариле во вреќа за спиење и ја сместиле во гепекот на „Ситроенот“.

Ја однеле во местото Дупки кај Бразда, и ја изложувале на тешко физичко страдање, по што Палевкси ја убил.

Потоа се образложување убиството на Панче Жежовски. На ист начин Манев го нападнал, Видевски го совладал и му залепил лента на устата. По насоки на Палевски, го однеле на местото Рудник над Велес, и Палевски со еден куршум во главата го убил.

Судот воедно им ја продолжи мерката притвор на сите четворица обвинети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни