Дождовницата и „сивата вода“ како најдобри решенија за градовите: Повторната употреба на водата сè уште оптоварена со предрасуди

Покрај техничката анализа, проектот се фокусира и на подигање на свеста за одржливо и одговорно користење на водата за пиење.

Со цел да се развијат иновативни решенија за долгорочно обезбедување на водоснабдување во градовите, особено за наводнување на таканаречената зелена инфраструктура, на Земјоделскиот факултет во Виена – БОКО, започна истражувачкиот проект GAIA.

Се испитува потенцијалот на алтернативните извори на вода, земајќи ја предвид нивната достапност, потребниот квалитет на водата како и потребните процедури за прочистување.

Климатските промени поставуваат нови предизвици за секторот за водоснабдување, но во исто време отвораат нови можности. Еден ветувачки пристап е да се користат алтернативни извори на вода, како што се дождовница, пречистена отпадна вода и „сива вода“ (отпадна вода без содржина на тоалет).

Во Австрија, оваа повторна употреба на водата сè уште широко не се користи и често е оптоварена со бројни предрасуди. Само во ретки случаи се користи дождовница или пречистена отпадна вода.

Особено за време на долги сушни периоди, кога потребата за вода е најголема, конвенционалните системи ги достигнуваат своите граници.

„Можноста за собирање дождовница варира во зависност од сезоната, а секој човек произведува околу 60 до 100 литри „сива вода“ дневно“, објаснува Бернхард Пуер од Виенскиот Земјоделски факултет.

„Со проектот GAIA сакаме не само да ги истражиме техничките можности, туку и да ја зајакнеме довербата во алтернативните начини на користење на водата“, истакна Пухер.

Покрај техничката анализа, проектот се фокусира и на подигање на свеста за одржливо и одговорно користење на водата за пиење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни