Бројот на жртви од поплавиte и свлечишта во Мексико се зголеми на 47, бидејќи врнежите продолжија да се интензивираат низ различни сојузни држави, додека властите ангажираа итни служби за потрага по исчезнати лица и расчистување на погодените подрачја.
Претседателката Клаудија Шејнбаум посети неколку погодени сојузни држави и најави дека владата ќе започне со попис на настраданите за да организира распределба на помошта.
Мексиканската агенција за цивилна заштита соопшти дека до неделата вечер загинале 18 лица во државата Веракруз, на брегот на Мексиканскиот залив, 16 лица во државата Идалго, северно од Мексико Сити, најмалку 12 лица во Пјебла, источно од главниот град и едно дете загинало во свлечиште во централната држава Керетаро
Се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми, бидејќи спасувачите продолжуваат да копаат низ натопени села затрупани со кал и урнатини, јавува АП.
Цивилната заштита соопшти дека најмалку 38 лица се водат како исчезнати во три различни сојузни држави.
Смртоносните врнежи се последица на два тропски системи – ураганот Присила и тропската бура Рејмонд, кои се формираа кај западниот брег на Мексико и оттогаш се распаднаа.