Во топлите летни денови дождот има многу посебен мирис кој ги прави луѓето среќни. Што навистина детектира нашето сетило за мирис и како се нарекува овој дождовен парфем.
Кога капките дожд се струполуваат врз растенија и улиците загреани од летното сонце, се создава магија што има опојно дејство. За време на сушните периоди, растенијата произведуваат и лачат жолтеникаво масло што се таложи на карпите и почвата, но и на асфалтот, патиштата и тротоарите и честичките прашина но, сепак за „мирисот на дождот“ се одговорни и бактериите во почвата што произведуваат геосмин – алкохол кој мириса на земја. Кога е суво и топло, микроорганизмите го намалуваат метаболизмот на минимум и штом заврне и дојдат во контакт со вода, ја ослободуваат оваа молекула со силен мирис на која што човечкото сетило за мирис реагира интензивно. Комбинацијата на растително масло и геосмин во воздухот го создава типичниот „мирис на дожд“ што буди сеќавања и има смирувачко дејство после пеколен летен ден.
Двајцата австралиски научници Изабел Џеј Беар и Ричард Г. Томас на овој препознатлив мирис му го дале името Петрихор уште во 1964 година. Потекнува од двата грчки збора „петрос“ (карпа, парче карпа или камен) и „ихор“ (течноста во вените на грчките богови).
Мирисот најсилно го восприемаме кога паѓа слаб дожд на сува прашина и сува почва. Дури во 2015 година, истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс во Калифорнија откриле важен ефект што дава објаснување како мирисот може да се шири и на места кадешто не заврнало. Со помош на камери со голема брзина, тие утврдиле дека малите воздушни меури се формираат веднаш штом капка дожд ќе падне на земјата. Ситни мирисни честички се заробени во овие меурчиња кои се издигнуваат нагоре и штом пукнат се ослободува овој летен дождовен парфем а, ветровите потоа ги распределуваат миризливите честички и на места каде што земјата е сува.
Дождовниот парфем се ослободува само под одредени услови и ако врне силен дожд, опојниот мирис изостанува. Причината за тоа е што поројните дождови создаваат слој од вода што ја покрива земјата и малите воздушни меури повеќе не можат да се пробијат и да се издигн издигнат во воздухот.
Во Индија, печените парчиња глина се изложуваат на дожд, потоа се загреваат со вода и добиената водена пареа се заробува со масло од сандалово дрво.