Дождот го изгаси пожарот на Јасен

„Но, и покрај поголемата количина на дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење поради што по кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери. Екипи на ЈП Јасен продолжуваат со патролирање сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат“, велат во ДЗС.

Дождот кој заврна пред 7 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна пожарот кој трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Но, и покрај поголемата количина на дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење поради што по кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери. Екипи на ЈП Јасен продолжуваат со патролирање сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат“, велат во ДЗС.

Дожд заврна во северните и северозападните делови на државата, а во источните, југоисточните, централните и југозападните делови досега немаше врнежи.

Според прогнозите на УХМР денес се очекува силен ветар до 60 км на час кој значително ќе го зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и нивно брзо ширење поради што, од ДЗС апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизивикаат пожар, но и да го пријават секое сомнително однесување на телефонскиот број 122.

Извор: Мета.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни