Протестен граѓански собир на движењето „Кој е следен?“

Илијадници граѓани извикуват: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран.

Попладнево во 18 часот и 59 минути на плоштадот „Македонија“ во Скопје, започна протестниот граѓански собир на движењето „Кој е следен?“. Протестот започна со триминутен молк за загинатите во Кочани и со положување цвеќе на плоштадот “Македонија”, по што околу 10.000 собрани граѓаните се упатија кон Собранието преку Триумфалната капија. Во Жена-парк наспроти Собранието и Градската болница имаше 5-минутен аплауз за здравствените работници. Маршот продолжува кон Холидеј ин, поминува преку мостот Филип II и се движи по булеварот “Гоце Делчев” па cè до Владата каде е планиран шестнаесетминутен молк.

Од движењето поставија и конкретни барања пред собирот. Првото е транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од Државен пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Локален градежен инспекторат, Дирекција за заштита и спасување и Управа за јави приходи.


Потоа, бараат дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”.

Исто така побараа, соодветна одговорност за сите поврзани со случаите со изгорената модуларна болница, со Онкологија, „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“. Воедно, движењето бара Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не како што велат само за дерегулација и финансиска помош од државата.

„Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран“, соопштува „Кој е следен?“.

Иницијативата „Кој е следен?“ претходно објавија правила и препораки за однесување на маршот кои вклучуваа почитувајте на инструкциите на редарите, движете по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните. Организаторите забранија партиски обележја со оглед на тоа деке е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира. Им се препорачува на организаторите да избегнуваат секакви провокации и да не се впуштаат во конфронтација. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехника и слични предмети и мора да се почитува јавниот простор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни