МВР со информации за новата пирамидална измама

Досега не е поднесена ниту една кривична пријава за „Конти“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, побара од сите оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира

Досега не е поднесена ниту една  кривична пријава  поврзани со „Конти“, изјави денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и побара од сите оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.

-Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава. Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година. И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме- изјави министерот по прес-конференцијата.

Како што објави утрово Трн, Конти претставува платформа(апликација) која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа и функционира околу една година. Од пред неколку дена, групата на „Телеграм“ која има околу 14.000 македоснки членови, почнува да згаснува, а корисниците повеќе немаат приливи на Бајненс платформата за тргување со криптовалути. Голем дел од членовите на групата се со сладо нула. Дел од нив за да стигнат до заработувачка подигнале и кредити.

Според сведоштвата, голем број на граѓани изминатиов период заработиле од апликацијата, но во последните денови на социјалните мрежи има се повеќе кои обвинуваат дека се излажани. Согласно правилата на апликацијата, за исплата од платформата до вашата крипто сметка се чекало до 72 часа, но граѓантие пријавуваат дека не ги добиваат средствата и по истекот на овие 72 часа.

Conti е лесен начин да се заработат пари и исто толку лесен начин да се изгубат. Не е прв пат да се појават ваков тип на измами.

Во 2022 година преку пирамидалната шема „Биг Комерц“, илјадници граѓани беа измамени на сличен начин како Conti, користејќи ја контроверзната апликација Бајненс.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи тогаш апелираше до граѓаните внимаат на овие апликации и да не наседнуваат на ветувања за големи приходи заработени на ваков начин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни