На годинашното издание на Lumiart Dubrovnik Light Festival, Доријан Миловановиќ освои второ место на меѓународниот натпревар за видео мапинг, со својата впечатлива проекција поставена на историската палата Спонза, објект од 16 век кој е еден од најпознатите симболи на Стариот град.



Покрај Миловановиќ на фестивалот учествуваше и Емил Петро од Македонија кој имаше лајф видео мапинг концерт со пијанист од Италија
Lumiart е меѓународен фестивал на светлина што од 2019 година го осветлува Дубровник и го претвора Стариот град во магична сцена на иновација и креативност. Фестивалот секоја година се одржува во ноември и трае три дена, привлекувајќи бројни уметници, туристи и љубители на современата уметност.

Во текот на Lumiart, улиците, плоштадите и историските фасади на Дубровник оживуваат преку светлосни инсталации, 3D мапинг проекции, интерактивни дела, нови медиуми и најсовремена технологија, создавајќи единствен амбиент каде традицијата се спојува со модерната уметничка визија.
Фестивалот веќе се смета за едно од најзначајните светлосни случувања во регионот и секоја година привлекува сè поголем меѓународен интерес.
