Ребаланс на Буџетот за 2025

Дополнителни 2.5 милиони евра за поддршка на филмската продукција

Распределбата на средствата ќе се врши според законските процедури и годишната програма

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година се обезбедуваат дополнителни 145 милиони денари (околу 2.5 милиони евра) за поддршка на филмската продукција и развојот на аудиовизуелниот сектор.

Како што истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со предложените измени на Законот за игри на среќа, се предвидува 3% од уплатените давачки трајно да се пренасочуваат кон Агенцијата. Овој системски модел на финансирање, што постоеше до 2016 година, одиграл значајна улога во развојот на македонскиот филм и со повторното воведување ќе обезбеди стабилна основа за долгорочно планирање и стратешка поддршка.

Средствата ќе се користат за поддршка на домашни играни, документарни, краткометражни и анимирани филмови, копродукции, развој на сценарија и проекти во сите фази. Ќе се поддржи и развојот на квалитетни ТВ серии со регионален потенцијал и продукција на детска програма, важна за домашната публика.

Акцент ќе се стави и на јакнење на продукциските капацитети и проширување на соработката со странски партнери.

„Овие мерки потврдуваат дека филмот е клучен дел од културната политика и националната визија за креативен и динамичен развој. Филмските работници, иако не се дел од институциите, создаваат вредност и присуство на светски фестивали. Со стабилен буџет се отвора пат за континуирана поддршка и градење на одржлив, конкурентен и отворен сектор кој ги поттикнува младите, го афирмира културниот идентитет и привлекува меѓународни партнери,“ изјави в.д. директорот Сашко Мицевски.

Распределбата на средствата ќе се врши според законските процедури и годишната програма. Фокусот ќе биде на квалитетот на проектите и еднаков пристап за сите апликанти, со транспарентни процеси и отворена комуникација со јавноста и филмската заедница

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни