Доналд Трамп жестоко го нападна Џорџ Клуни

Доналд Трамп се огласи на социјалните мрежи за да се осврне на појавувањето на Џорџ Клуни во шоуто „60 минути“.
Фото: Gage Skidmore/Flickr

На својата платформа Truth Social, Доналд Трамп ги критикуваше актерските способности на Џорџ Клуни.

„Зошто сега сериозно дискредитираните 60 минути би направиле целосен ‘пофалбен прилог’ за Џорџ Клуни, актер од втор ред и неуспешен политички коментатор? Тој со сите сили се бореше да го избере Џо Бајден, а потоа, веднаш по дебатата, го напушти како куче“, напиша Трамп.


„Подоцна, претпоставувам по налог на тимот на Обама, тој силно ја поддржа ‘Камала’, за брзо да сфати дека нема да заврши добро. 60 минути дури и лажно вметнаа лажни одговори во нејзиното катастрофално интервју, емитувано непосредно пред денот на изборите – еден од најсрамните и најнечесните моменти во историјата на телевизиското новинарство… И сега повторно Џорџ Клуни? Неговиот ПР агент мора да заработува богатство“, заклучил Трамп.

Инаку, Клуни во емисијата се пожали на политички притисок врз слободата на медиумите.

„Владите не ја сакаат слободата на печатот. Никогаш не ја сакале. А тоа важи и за конзервативците, како и за прогресивците. ABC штотуку постигна спогодба со администрацијата на Трамп, а CBS News го прави истото. Сведоци сме дека владата се користи за заплашување, казнување или манипулација со медиумите за да се намали моќта на новинарите“, посочи тој.

Во декември 2024 година, американската телевизиска мрежа ABC постигна спогодба со Трамп за 15 милиони долари поради тужба за клевета. Трамп ги тужеше ABC и водителот Џорџ Стефанопулос за неточно известување во кое се тврди дека Трамп бил осуден за силување на новинарката Е. Џин Керол.

Иако Трамп беше прогласен за одговорен за сексуален напад и клевета против Керол, според законот на државата Њујорк тој не беше осуден за силување. Како дел од спогодбата, ABC се согласи да плати 150 милиони долари на претседателската библиотека на Трамп, како и 1 милион долари за правни трошоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни