Доналд Трамп утре ќе биде именуван како претседател на САД

Доналд Трамп утре, согласно американските закони, ќе биде именуван за претседател на САД.

Иако Трамп утре ќе биде именуван за претседател на САД, сè уште не е завршен изборниот процес. Откако поединечните држави ќе ги достават записниците од гласањето на колегиумите, обновениот Конгрес (исто така избран на 5 ноември, целосно за Претставничкиот дом и делумно за Сенатот) ќе има седница на 3 јануари, кога потпретседателката Камала Харис ќе го потврди својот пораз.

Три дена подоцна, Конгресот ќе го ратификува изборот на Трамп, чија инаугурација е закажана на пладне на 20 јануари, кога тој ќе положи заклетва пред претседателот на Врховен суд и официјално ќе стане 47-иот претседател на САД. Трамп претходно беше 45-иот американски претседател.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни