Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл објави видео генерирано од вештачка интелигенција, без дополнителен коментар.
Видеото ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе.
Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција на уништената Газа.
Целото видео е проткаено со мотиви на луксуз, забава и пари. По почетните сцени на разорената Газа, се појавува натписот: „Газа 2025 – што е следно?
Потоа, ВИ генериран Илон Маск фрла американски долари меѓу луѓе. Во центарот на вештачки создадениот град, стои џиновска златна статуа на Доналд Трамп, додека самиот Трамп танцува со стомачна танчерка, а Илон Маск ужива во јадење.
Во еден момент, сцената ги прикажува Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во шорцеви за капење и пиво во рака, како лежат на лежалки пред луксузен хотел. Друга необична сцена прикажува мажи со бради облечени во женски костими за капење, со препознатливи зелени шамии.
Trump has posted a sinister AI video of his future for ‘Riviera’ Gaza.
— Howard Beckett (@BeckettUnite) February 26, 2025
It needs to be seen to be believed:
Trump statues; Musk dancing; Trump & Netanyahu sun bathing & drinking cocktails.
Monsters rejoicing in their genocide & ethnic cleansing.
It is truly racist fascism. pic.twitter.com/OJhRyqz8Ob
Видеото доаѓа во време на интензивна дебата за американското учество во мировните напори и можностите за обнова на Блискиот Исток.
Белата куќа не го коментираше ова видео и не прецизираше како се вклопува во актуелните стратегии за надворешна политика. Претставници на Стејт департментот од кои бил побаран коментар, рекле дека какви било политички одлуки ќе бидат соопштени преку официјални канали.