Домино дамата отвора технолошка компанија за борба против осветничка порнографија

Професионалната домино дама Мадлен Томас не е типична основачка на технолошка компанија.

По повеќекратни случаи на понижување од нејзините клиенти кои ги споделиле нејзините приватни, експлицитни фотографии без дозвола, таа вели дека била „доволно лута за да преземе акција“ и се свртела кон технологијата за решение.

„Тоа беа прекрасни фотографии.“

„Не се срамам од тие слики, се срамам од начинот на кој некој што не го познавам ги искористил против мене“, вели Мадлен.

Нешто повеќе од една година по основањето, нејзината компанија Image Angel, која користи систем базиран на невидлив форензички воден печат за следење на насилниците, освои неколку награди.

Тоа е голем пресврт од нејзината кариера како домино и обезбедување услуги, со согласност на сите вклучени, во еротски практики и сексуални рол-плејинг – ропство и дисциплина, доминација и потчинување, садизам и мазохизам (BDSM).

Злоупотребата на интимни фотографии, честопати нарекувана порнографија за одмазда, е кривично дело во Обединетото Кралство (Велика Британија) кое се казнува со затворска казна до две години.

Ова не е проблем што ги засега само оние кои работат во секс индустријата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни